Данска развива дигитален пасош за лица вакцинирани против Ковид-19, објави Ројтерс. Ова ќе им овозможи да патуваат во земјите каде што е потребна таква документација за време на пандемијата.
-Се очекува дека при влез во другите земји може да се побара да биде презентиран документ за вакцинација. Данскиот пасош за вакцини може да се користи таму, се вели во соопштението од данското Министерство за здравство.
Пасоши за вакцини може да се издадат во првите месеци од годината. До него може да се пристапи преку веб-страницата на данската јавна здравствена служба. Сè уште не е јасно дали пасошот може да биде достапен како апликација.
Министерството ја нагласува потребата за понатамошно испитување дали луѓето кои биле вакцинирани против КОВИД-19 можат да го пренесат вирусот и колку трае имунитетот обезбеден од вакцината пред да биде потребна нова вакцинација.
Данска започна да ги вакцинира возрасните и здравствените работници кон крајот на минатиот месец и досега администрираше дози за околу 1 процент од населението. Денес, вакцинацијата се очекува да заврши во околу 900 домови за возрасни.
Светската здравствена организација минатата година соопшти дека работи на издавање на електронски сертификат за вакцинација против Ковид-19. Ќе има форма на „мал жолт картон“ или дигитална верзија.
Австралиската авиокомпанија Куонтас во ноември изјави дека ќе бара од своите патници во иднина да се вакцинираат против Ковид-19 пред да летаат.