Најмалку 200 луѓе загинале утрово во Алжир по падот на авион на алжирската авијација. Инцидентот се случил во 8 часот наутро по локално време. Спасувачите се упатиле кон местото на настанот.
Сè се случило во близина на аеродромот на алжирскиот град Блид, во покраината Буфарик, јавува “Sky News Arabia”.
Локалните власти на терен пратиле околу 130 припадници на единицата за цивилна заштита, 14 амбулантни возила и 10 камиони за евакуација, за да ги згрижат повредените од местото на несреќата, пренесува “Dia Algerie”.
Според пишувањето на локалните медиуми, сите луѓе кои биле во авионот загинале.