Судан денеска потврди дека со САД ги потпиша „Договорите на Аврам“ со што се унапредуваат односите помеѓу двете земји и се отвора патот за африканската држава да ги нормализира односите со Израел.
Договорите ги потпишаа суданскиот министер за правда Насредин Абдулбари и американскиот министер за финансии Стивен Мнучин.
Судан ги потпиша Договорите по повеќе од два месеца откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека земјата ќе почне нормализација на односите со Израел.
Суданското Министерство за финансии потпиша меморандум за разбирање со американското Министерство за финансии, со цел да се олесни исплатата на заостанатите обврски на Судан кон Светска банка, што е клучен чекор за економско заздравување на земјата.
Пред Судан, администрацијата на Трамп кон крајот на минатата година потпиша Договори на Аврам со Обединети Арапски Емирати, Бахреин и Мароко. Тоа се први договори откако Египет во 1979 година и Јордан во 1994 година го признаа Израел.
Договорите за нормализација што САД и Израел го потпишуваат со исламските земји е наречен „Договори на Аврам“ по библискиот лик Аврам, кој се смета за татко на трите главни монотеистички религии – јудеизмот, христијанството и исламот.