Свет 19. април 2018. / 14:03

Уште една драма: Во лет се запали моторот на авионот (ВИДЕО)

Уште една драма: Во лет се запали моторот на авионот (ВИДЕО)

Нов инцидент се случи во американскиот воздушен простор кога мотор на авион се запали среде летот кон Лондон.

Авион на американската авиокомпанија Делта принудно слета во Атланта, само половина час по полетувањето. Имено, околу 18 часот по локално време забележано е како се крева чад од десниот мотор поради што авионот свртел и се вратил на аеродромот од каде и можел да се види пламенот.