Свет 23. септември 2018. / 21:56

Уште еден швајцарски кантон ги забрани бурките

Уште еден швајцарски кантон ги забрани бурките

Две третини од граѓаните на швајцарскиот кантон Сент Гален се изјасниле за забрана на бурките на јавно место.

Ова е втор кантон кои се изјаснува за забрана на бурките, откако таква одлука донеле граѓаните од соседниот Тицин, пред три години.

Регионалната влада која се противела на оваа мерка, сега ќе мора да го прифати резултатот од гласањето, на кое се изјасниле 36 проценти од избирачите, пренесува Ројтерс.

За прашањето за носење на бурки, идната година, граѓаните на Швајцарија ќе се изјаснат на национално ниво.

Носењето на бурки на јавни места веќе е забрането во Франција и во Данска.