Повеќе од 1.800 патници и членови на екипажот на еден крузер е на тежстирање во Хонгконг, откако членовте на екипажот пријавиле дека имаат висока температура, а кај три лица кои претходно патувале е откриен коронавирус.
Крузерт „Ворлд Дрим“ се закотви во Хонгконг, откако во вторникот му беше одбиен влез во тајванското пристаниште Каошиунг и сега се наоѓа во карантин додека сите што се наоѓаат на бродот не бидат тестирани на новиот коронавирус.
Едно лице беше однесено од крузерот со брза помош.
Откриено е дека три лица од континентална Кина кои биле на крузерот од 19. до 24. јануари се заболени од вирусот.
Голем дел од останатите патници се од Хонгконг. Операторот на крстарењето соопшти дека има тројца „потврдени“ пациенти што го напуштиле броот во градот Ханзоу на 24. јануари.
Претходно, јапонски крузер со повеќе од 3.700 патници беше ставен во карантин, бидејќи патувал со лице за кое беше потврдено дека е заразено со коронавирус. Подоцна јапонското Министерство за здравство соопшти дека имало десетина заразени лица.