Свет 07. април 2020. / 14:11

Уште еден британски министер заразен со корона вирусот

Уште еден британски министер заразен со корона вирусот

Министерот во британскиот кабинет, Мајкл Гоув, се наоѓа во самоизолација, откако појавил симптоми на Ковид-19, соопшти телевизијата ITV, а пренесува Ројтерс.

Гоув, кој е еден од најблиските соработници на премиерот Борис Џонсон, ќе продолжи да работи од својот дом, соопшти телевизијата.

Од 2017 година позицијата, што ја има Гоув е еднаква на вицепремиер.

Веста доаѓа помалку од 24 часа, откако беше соопштено дека заболениот од корона вирусот премиер Џонсон е пренесен во болница поради влошување на здравствената состојба и проблеми со дишењето.