Свет

Ураганот одзеде најмалку седум животи во Флорида

Ураганот одзеде најмалку седум животи во Флорида

Флорида ги сумира штетите од силниот ураган, што ги зафати нејзиното крајбрежје и однесе најмалку седум животи.

Најпогодени се северозападниот брег на Флорида, каде што се целосно уништени многу куќи при налетот на ураганот „Мајкл’, кој носен со ветришта од 250 километри на час носеше далноводи, дрвја и покриви, а 900 илјади луѓе остави без струја.

Гувернерот на Флорида, Рик Скот изјави дека северозападниот дел на државата е претворен во слика на „незамисливо опустошување“.

Ова е третиот најсилен ураган кој е некогаш забележан во САД и најсилниот кој ја погодил Флорида во последните 100 години.