Свет 11. октомври 2018. / 19:54

Ураганот „Мајкл“ направи пустош во Флорида

Ураганот „Мајкл“ направи пустош во Флорида

Најмалку две лица загинаа, а стотици илјади се без електрична енергија по ударот на ураганот „Макјл“ во Американската сојузна држава Флорида и соседните држави.

Американските медиуми пренесуваат дека станува збор за најсилниот ураган што доседга го погодил подрачјето на Флорида. Националниот центар за урагани информираше дека “Мајкл“ веќе слабее и е во ниво на тропска бура.

Како беше за време на најголемиот удар може да видите во следонто видео објавено од „Гардијан“.