Затворенички се удавиле во полициско комбе, кое било зафатено од надојдени води за време на ураганот ,,Флоренс”.
Бројот на загинати во ураганот ,,Флоренс”. што го зафати источниот брег на САД , достигна 37 лица. Меѓу последните жртви се и две затворенички, кои се удавиле во полициско комбе.
Полицајците, кои ги возеле затвореничките во психијатриска установа, се спасиле, но жените настрадале. Полицајците излегле од комбето и се качиле врз него, а по извесно време дошле спасувачките екипи.
Нивото на водата е се уште превисоко, така што телата на жените не може да бидат извлечени, соопштуваат од канцеларијата на локалниот шеф на полицијата.
Денеска поплавените региони во Северна Каролина ги посети и претседателот Доналд Трамп. Тој ги пофали напорите на федералните и локалните служби во справувањето со ураганот и последиците од него.