Свет 12. јануари 2021. / 12:55

Упад во страницата на Стејт департментот, избришан Доналд Трамп од претседател

Упад во страницата на Стејт департментот, избришан Доналд Трамп од претседател

Денеска на веб-страницата на Стејт департментот е објавена биографија на американскиот претседател Доналд Трамп, во која се наведува дека неговиот мандат завршил на 11 јануари, објави лондонски Индипендент, приложувајќи скриншот како доказ.

Во текстот се наведува дека страницата посветена на актуелниот претседател била уредувана двапати во 20 часот и 22 минути и 20 часот и 49 минути.

Индипендент додава дека биографијата на потпретседателот Мајкл Пенс била уредувана двапати, каде исто така било напишано дека неговиот мандат заврши вчера.

– Двете страници беа отстранети од сајтот многу брзо, додава лондонскиот весник.

Њујоршкиот сајт Базфид додава дека државниот секретар Мајкл Помпео започнал истрага за тоа кој предвреме го заврши мандатот на Трамп на веб-страницата на Стејт департментот, а тој исто така наведува дека веројатно станува збор за незадоволен вработен во Стејт департментот кој има пристап до страницата.

Според американските медиуми, не е јасно за што станува збор, бидејќи никој друг претходен американски претседател нема биографија на веб-страницата на Стејт департментот.

Некои американски медиуми објавија, повикувајќи се на неофицијални извори, дека зад објавувањето на оваа страница стои неодговорна личност од Стејт департментот и дека е покрената истрага.

Мистериозната порака дојде во време на обидите на демократите да го отповикаат претседателот Трамп според 25-тиот амандман на Уставот на САД, што републиканците го блокираа во Конгресот, а демократите најавија дека ќе се обидат повторно да ја отворат постапката.