За време на нападот од страна на американските воздушни сили врз Сирија, девет објекти беа целосно уништени, а два делумно, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.
Тој додаде дека целите биле избрани внимателно и прецизно, и така биле извршени нападите.
„Два авиони Ф-15 испукаа седум прецизни проектили и целосно уништија девет објекти, а два делумно, што го оневозможува нивното функционирање“, изјави Кирби пред новинарите.
Претходно, Пентагон објави дека се уништени неколку инфраструктурни објекти на шиитските групи, кои се поддржани од Иран, поради воздушниот напад врз Сирија.
Според прелиминарните податоци, рече тој, има повредени лица во нападите, но тој не даде конкретни информации бидејќи проценката за операцијата се уште трае.
Како што беше истакнато, тој потег е одговор на неодамнешните напади врз американските и коалициските сили во Ирак.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека американските војници се потпираат на разузнавачките информации на ирачката страна и дека се сигурни во точноста на нападот. Според „Вашингтон пост“, во нападот загинале неколку лица.