Свет 15. март 2020. / 21:35

УНИЦЕФ: За време на војната во Сирија се родени пет милиони деца

УНИЦЕФ: За време на војната во Сирија се родени пет милиони деца

За време на војната, се родиле речиси пет милиони сириски деца, а уште еден милион во егзил, соопштија од УНИЦЕФ.

Во соопштението на агенцијата на ОН, одговорна за заштита на правата на детето, се вели дека децата плаќаат висока цена во овој конфликт, во кој се мешаат многу држави и локални или регионални сили.

Бројките на УНИЦЕФ се за деца родени меѓу 2014 и 2019 година. Во тој период биле убиени 5.417 деца, што значи дека едно дете го губело животот на секои 10 часа. Покрај тоа, 1.639 се повредени како резултат на војната.

Околу 5.000 деца биле регрутирани да се вклучат во борби, некои дури на 7-годишна возраст, соопшти агенцијата, истакнувајќи дека биле нападнати илјадници медицински или училишни инфраструктури.