Свет 21. април 2020. / 12:40

УНИЦЕФ бара 92,4 милиони долари за борба против пандемијата на Блиски Исток и во Северна Африка

УНИЦЕФ бара 92,4 милиони долари за борба против пандемијата на Блиски Исток и во Северна Африка

Фондот на Обединети нации за деца (УНИЦЕФ) упати апел за обезбедување дополнителни 92,4 милиони долари за борба против пандемијата на корона вирус на Блискиот Исток и во Северна Африка, региони со најголем број на загрозени деца.

Регионалниот директор на УНИЦЕФ, Тед Чајбан, истакна дека најголема грижа е Јемен каде што има околу два милиона неухранети деца.

И претходно беше критично да се одговори на потребите на децата во Јемен, а сега со пандемијата од Ковид-19 овие деца е уште поранливи. Дополнителните средства се потребни за низа програми во регионот со цел да се ублажат последиците од пандемијата – истакна Чајбан.