Свет 09. октомври 2019. / 18:44

Унгарски политичар снимен во секс со проститутки на јахта

Унгарски политичар снимен во секс со проститутки на јахта

Унгарскиот политичар Жолт Боркаи ја вознемири јавноста откако се најде во центар на секс скандал во кој се објавени фотографии на кои е во друштво со неколку провокативно облечени жени, а објавена е и секс снимка со една жена.

Скандалот почна кога на еден блог почнаа да се појавуваат текстови за градоначалникот на Ѓер и поранешен претседател на Унгарскиот олимписки комитет. Засега непознатиот автор, го обвинува Боркаи за злоупотреба на моќ, корупција, користење на дрога и услуги од проститутки.