Свет 19. септември 2018. / 19:50

Унгарски министер: Официјални претставници на ОН изнесуваат лаги за Унгарија

Унгарски министер: Официјални претставници на ОН изнесуваат лаги за Унгарија

Во говорот пред Советот за човекови права при ОН, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги обвини „некои официјални претставници на ОН“, без да ги именува, дека „изнесуваат срамни и неприфатливи лаги за Унгарија“.

„Очигледно е дека официјалните претставници на ОН, кои ги изнесуваат овие лаги за Унгарија се пристрасни во врска со прашањето за мигрантите. Но, можам да ви кажам дека Унгарија никогаш нема да биде земја на мигранти“, додаде тој.

Унгарија на 11 септември ги отфрли критиките на високиот комесар на ОН за човекови права за својата миграциска политика, еден ден пред тоа известиле дека се запознале со „неверојатни извештаи“ во кои се наведува дека мигрантите во транзитната зона не добивале храна.

„Конструктивен дијалог со владите, пред преуранетото денесување заклучоци сигурно позитивно ќе делува на нашата заедничка задача за унапредување и заштита на човековите права на секое лице“, рече унгарската амбасадорка Сузан Хорват во Советот за човекови права на ОН.