Унгарија од идната недела ќе ги затвори сите училишта се со цел да го спречи ширењето на корона вирусот, изјави премиерот на земјата Виктор Орбан.
Тој рече дека унгарските власти ќе обидат на најдобар начин да ја продолжат работата на образовните институции преку користење дигитални канали. Според зборовите на Орбан, наставата во училиштата привремено ќе биде прекината од 16-ти март.
Унгарскиот премиер рече дека наскоро очекува застој во економијата, како и дека одново ќе мора да покрене во ќе учествуваат властите.
Според Орбан миграцијата е виновна за ширењето на заразата.
Во Унгарија до сега потврдени се 19 случаи на зараза, а меѓу заразените се девет Иранци, еден Британец, додека останатите се унгарски државјани, пишува Франс 24.