Унгарија утре ќе стане првата земја на Европската унија што ќе ја вакцинира својата популација со кинеската вакцина Синофарм.
Вакцината Синофарм почнува да се користи”, објави владата на својата Фејсбук страница со информации за коронавирусот.
Унгарија во декември започна со вакцинирање на населението со вакцината Фајзер/БиоНТек.
Земјата, исто прва во ЕУ ја набави и руската вакцина Спутник V, која, како ни кинеската Синофарм, сè уште не се одобрени од Европската агенција за лекови.
Владата во јануари објави дека постигнала договор за набавка на пет милиони дози на Синофарм. Првите 550.000 дози пристигнаа во Будимпешта минатата недела.