Свет 29. јануари 2021. / 13:23

Унгарија стана првата земја од ЕУ која ја одобри кинеската вакцина против Ковид-19

Унгарија стана првата земја од ЕУ која ја одобри кинеската вакцина против Ковид-19

Регулаторното тело за храна и лекови на Унгарија, ја одобрија кинеската вакцина против коронавирусот, која беше развиена од компанијата Синофарм.

Денеска, Националниот институт за Фармација и Исхрана даде одобрување за вакцината на „Синофарм“, истакна главната медицински службеничка Сесилија Милер.

Унгарија минатата недела издаде привремена лиценца за руската вакцина Спутник 5, со што наиде на голем број на критики од Европската Унија.

Владата на премиерот Виктор Орбан, вчера го отвори патот за одобрување на кинеската вакцина, со тоа што соопшти дека ќе даде итно одобрување за секоја вакцина која веќе била дадена на најмалку милион луѓе ширум светот.