Свет 31. мај 2018. / 13:25

Унгарија сака да донесе закон со кој се забранува нудење храна на бегалците

Унгарија сака да донесе закон со кој се забранува нудење храна на бегалците

Унгарската влада сака да донесе закон со кој за кривично дело ќе се смета нудење храна на бегалците.

Ако биде одобрен во сегашната форма, казните ќе бидат наменети за групи кои поддржуваат или финансираат илегална имиграција, пренесе Индепендент.

Како резултат на тоа, оние кои ќе им нудат храна, правни совети или ќе печатат летоци со информации за барање на азил, ќе бидат казнети.

Државниот секретар Чаба Домотор изјави дека владата сака овој закон да помине во парламентот што е можно поскоро.

Десничарскиот премиер, Виктор Орбан, кој неодамна доби трет мандат, се обидува да го измени уставот со цел да ги спречи земјите од ЕУ, да ги пренесат барателите на азил во Унгарија, што е спротивно на миграционата политика на Европската Унија.

Орбан јавно се спротистави на шемата на ЕУ, според која 160.000 бегалци од Сирија и Еритреа треба да се реалоцираат во Унгарија од Италија и Грција, каде мигрантските кампови се пренатрупани.

Премиерот на Унгарија, кој е на власт од 2010 година, е жесток непријател на имиграцијата со години, а поради таа негова политика е во судир со ЕУ.

Оваа лигислатива е дел од владината кампања против Џорџ Сорос, кој е познат по финансирање на либерални проекти.

Сорос бил навредуван во изборната кампања на Орбан, која имала силен анти-миграциски став. Тој го обвинил Сорос и невладините организации кои ги финансира за заговор за поткопување на христијанската кулутра на Унгарија, поплавувајќи ја со имигранти.