Свет 01. март 2021. / 15:45

Унгарија првата доза од вакцината ќе ја даде на што повеќе луѓе, со 12-неделен период до втората доза

Унгарија првата доза од вакцината ќе ја даде на што повеќе луѓе, со 12-неделен период до втората доза

Унгарија, соочена со зголемување на бројот на случаи со Ковид-19, ја менува својата стратегија за вакцинацијата за да им ја даде првата доза на што повеќе луѓе, проширувајќи ја имунизацијата и обезбедувајќи барем одредена заштита на вакцинираните, соопштија денеска властите.

Објавувајќи ги промените, главната здравствена инспекторка на Унгарија, Сесилија Милер рече дека очекува да се зголеми бројот на нови случаи на коронавирус во следните недели и дека Унгарија ќе се обиде да ги зголеми залихите со продолжување на периодот помеѓу две дози.

„Податоците покажуваат експоненцијален раст на инфекција“, рече Милер на онлајн брифинг, истакнувајќи дека „следната недела ќе биде многу тешка“.

Таа додаде дека новиот пристап кон вакцинацијата значи 12-неделен период помеѓу две дози на вакцината на „АстраЗенека“ и 35 дена на „Фајзер“.