Свет 28. ноември 2019. / 19:30

Унгарија планира до 2024 година да испрати астронаут во вселената

Унгарија планира до 2024 година да испрати астронаут во вселената

Унгарија планира да испрати астронаути во вселената во 2024 година, изјави министерот за надворешни работи на таа држава, Петер Сијарто. Изјавата ја даде на конференција на Европската вселенска агенција во Севиља.

Сијарто нагласи дека вселенската индустрија станува една од најважните индустрии.

– Тоа ќе биде уште една можност за Унгарија да се развива и да оди напред, како и да се фокусираме на тренинг на вториот унгарски австронаут кој ќе биде испратен на МВС, што е реално изводливо во 2024 година, во соработка со рускиот Роскосмос – порача Сијарто.