Унгарија е очајна за работници во сите сектори, поради брзорастечката економија и ниската стапка на невработеност. Но со масовната миграција и затворени врати за имигрантите, ситуацијата може да стане полоша, пишува Дојче Веле.
Унгарија привлекува странски капитал во производствениот сектор од падот на комунизмот во 1989 година, а повеќе откако влезе во Европската унија во 2004 година. Недостатокот на работна сила стана проблем во почетокот на 2013 година.
Според изворите, 350.000 до 500.000 Унгарци работат надвор од државата, што претставува 10% од вкупната работна сила на оваа земја. Поради тоа, земјата се бори да најде работници во сите сектори – од чистење до нега, од индустрија до земјоделство, од возачи на автобуси до програмери.
Според последните владини статистики, невработеноста изнезсува 3,8%. Во исто време, владата ја зголеми минималната плата, а зголемувањето ќе продолжи да расте од 12-13 % годишно.