На состанокот на претставниците на земјите членки на Унијата, десничарските влади на Унгарија и Полска ставија вето на таканаречениот „пакет“ за закрепнување.
Унгарија и Полска го блокираа усвојувањето на седумгодишниот буџет на ЕУ и планот за закрепнување од пандемијата на вирусот корона, поради новиот механизам што ги скратува фондовите на ЕУ на земјите чии влади ги нарушуваат демократските стандарди и владеењето на правото.
На состанокот на претставниците на земјите членки на Унијата, десничарските влади на Унгарија и Полска ставија вето на таканаречениот „пакет“ за закрепнување.
Буџетот од 1.800 милијарди евра, за периодот од 2021 до 2027 година, беше договорен минатата недела, по неколку месеци тешки преговори, од претставниците на 27-те земји-членки на ЕУ и Eвропскиот парламент.
За усвојување на буџетот, кој вклучува „пакет“ од 750 милијарди евра за закрепнување од пандемијата, потребна е согласност од сите членки на Унијата.