Свет 07. февруари 2020. / 12:30

Унгарија ги изгладнува азилантите за да ја запре имиграцијата

Унгарија ги изгладнува азилантите за да ја запре имиграцијата

Хелсиншкиот комитет и другите организации за човекови права ја обвинуваат унгарската влада дека го користи изгладнувањето како тактика за да ги одврати мигрантите да бараат азил.

Европскиот суд за човекови права по 28. пат и нареди на Унгарија да престане да ги изгладнува барателите на азил во текот на нивниот престој во транзитната зона.

Бремена жена од Авганистан и нејзината ќерка од своите порции морале да му даваат храна на сопругт во текот на една седмица, пренесоа бројни медиуми.

Тој е 28. лице кое е изгладнувано од од унгарските власти од август 2018. година – рече унгарскиот хелсиншки комитет, невладина организаија која обезбедува бесплатна правна помош на на азилантите коишто минуваат низ Унгарија.

Сите 28 пари невладината организација се жалеше до судот во Стразбур и ги доби сите случаи.

Унгарската влада тврди дека нема бесплатен ручек за илегалните имигранти. Властите укажуваат на зголемен број на мигранти од октомври кои доаѓаат преку Балканот – од 300 до 1.100 лица дневно во пследните седмици.

Во меѓувреме, рестриктивните промени на унгарските закони за азил и имиграција се речиси невозможни за барателите на азил, кои поднесуваат барања на српската граница, за да добијат заштита во Унгарија.

Унгарија во 2018. година одобрила 367 барања за азил, пренесе Еуроњуз.