Свет 10. мај 2020. / 09:15

Унгарија електронски проверува дали граѓаните го почитуваат домашниот карантин

Унгарија електронски проверува дали граѓаните го почитуваат домашниот карантин

Унгарските власти електронски надгледуваат дали лицата коишто се наоѓаат во домашен карантин се придржуваат до правилата.

Досега, 266 лица, кои се во карантин дома, се согласија властите електронски да ги надгледуваат – изјави портпаролот на Оперативниот комитет за борба против корона вирусот, Роберт Киш.

Тој на прес-конференција појасни дека луѓето кои се дома во карантин можат да ја преземат апликацијата, којашто и овозможува на полицијата да ги следи дали ги почитуваат правилата. Киш додаде дека властите во петокот им наредиле на уште 799 граѓани да одат во домашен карантин, со што вкупниот број ќе изнесува 10.927. Во Унгарија 3.213 луѓе се заразени со вирусот Ковид-19, додека 405 починале.