– Рибарот Мајкл Лорело улови голема бела ајкула, долга скоро два метра, недалеку од Роуд Ајленд, САД. Лорело и неговиот тим, согледувајќи ја опасноста што одненадеж се нашла на палубата, веднаш реагираа за да ја вратат ајкулата во водата.
– Веќе две децении, колку што се занимавам со риболов, не сум искусил вакво нешто, изјави тој за медиумите. Според неговите проценки, ајкулата имала меѓу 200 и 250 килограми и била долга 1,8 метри.