Златен крст со капки крв на папата Јован Павле Втори бил украден од катедралата на италијанскиот град Сполето, се вели во соопштението на локалната архиепископија.
Исчезнувањето на моштите, златен крст со мал балон со крв на Јован Павле Втори, го забележале вработените во катедралата во Сполето, кои повикале полиција.
Архиепископот монсињор Ренато Бокардо апелираше до крадците на култниот предмет да го вратат што е можно поскоро.