Свет 20. мај 2020. / 12:09

Украински „бомби“: Џо Бајден му ветил на Порошенко милијарда долари за да го смени државниот обвинител

Украински „бомби“: Џо Бајден му ветил на Порошенко милијарда долари за да го смени државниот обвинител

Пратеникот од Врховната Рада, Андреј Деркач, објави аудио материјали во кои се тврди дека содржат записи на разговори на бившиот украински претседател Петро Порошенко со бившиот потпретседател на САД, Џо Бајден и бившиот државен секретар Џон Кери. Според тие записи, Бајден бара од Порошенко да го разреши главниот обвинител на Украина за да не го истражува неговиот син, а во замена ќе му обезбеди државна помош од една милијарда долари.

Објавените снимки следуваат само неколку месеци откако претседателот на САД, Доналд Трамп, го избегна импичментот под обвинение дека во телефонски разговор побарал од укаринскиот претседател Володимир Зеленски да го истражи синот на Бајден во пресрет на претстојните претседателски избори во САД, кога директно ќе се соочат Трамп и Џо Бајден.

За време на прес-конференција Деркач претстави два разговори во кои станува збор за оставката на Виктор Шокин, кој во тоа време ја извршувал функцијата главен обвинител на Украина, јави канал „112“, пренесуваат медиумите.

Во првиот разговор за кој се тврди дека бил на 3 декемрви 2015 година, државниот секретар на САД го моли Порошенко да го разреши главниот обвинител, кој го истражува случајот на нафтената и компанијата за гас „Бурисма“ во која работел синот на Бајден.

-Би сакал да ве повикам да размислите околу решавањето на проблемот со смената на главниот обвинител Шокин, зашто, според мене, тој ја блокира реформата за прочистување на главното обвинителство, вели маж со глас што звучи како Кери.

Вториот запис е датиран на 22 март 2016 година. Во него бившиот украински лидер веќе разговара со Џо Бајден. За време на разговорот тогашниот потпретседател му предлага на Порошенко поткуп.

-Во случај да имате нова влада и нов генерален обвинител, ќе бидам подготвен да потпишам помош во вредност од една милијарда долари, вели маж со глас на Бајден.

Соговорникот за кого се тврди дека е Порошенко, зборовите на американскиот политичар ги одредува како „исклучително силна мотивација“.

-Еден од можните кандидати за таа должност е лидерот на мојата фракција (Јуриј) Луценко…Ако сметате дека политички мотивирана личност не е соодветна, од ваша гледна точка, ќе го повлечам мојот предлог, вели тој.