Украинската војска ги гранатирала позициите на украинските паравоени формации „Десен сектор“ и националистичкиот баталјон „Азов“ и усмртила тројца луѓе.
Тоа го изјавил портпаролот на оперативната кампања Донецка Народна Република, Данил Безсонов.
Како што прецизирал, врз нив било пукано од артилериски системи, а ги гранатирала 36 единица на украинските маринци.
Во овој напад убиени се тројца припадници на украинскиот националистички баталјон „Азов“, а петмина се ранети.
Истовремено, Безсонов навел дека сите националистички баталјони се во состојба на зголемена борбена готовност, додека на позициите на „Десниот сектор“ доведени се и странски инструктори за да служат како гаранција дека украинските сили нема да ги гранатираат.
Со одлука на киевските власти од регионот да се повлечат националистичките баталјони, започнаа вооружени судири меѓу нив и припадниците на украинската војска.
Имено, таа одлука предвидува на југоистокот на земјата да можат да бидат распоредени само единиците кои се во склоп на Обединетите сили на Украина.