Несреќната Сара од Канада била на кампување со своите соученици на островот Хорнби. Вечерта кога сите легнале да преспијат, таа се пожалила на болки во стомакот.
Утрото, соучениците ја нашле мртва. Аутопсијата покажала дека несреќната девојка починала од токсичен шок кој го предизвикала стафилококна бактерија која била најдена на тампон кој девојката го носела поради менструалниот циклус.
Лекарите велат дека тампоните можат да предизвикаат големи проблеми кога ќе се појави некаква инфекција.
Според нив, вагината особено во време на менструален циклус е едно од најпогодните места на телото за развој на бактерии. Дополнителен проблем е што тампонот ја блокира можноста менструалната крв да излезе и ги зголемува ризиците.
Лекарите советуваат тампоните да се менуваат на 3 до 4 часа а жените кои имаат пообилен циклус тоа да го прават и почесто.