Свет 21. октомври 2018. / 21:02

Ученик и се заканувал на професорката со лажен пиштол

Ученик и се заканувал на професорката со лажен пиштол

Ученик од средно училиште во предградие на Париз и се заканувал на својата професорка со лажен пиштол и видеото го објавил на социјалните мрежи.

На видеото се гледа како ученикот го вперил пиштолот во професорката, додека се обидува да ја убеди да не му пише отсуство во дневникот.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на остри казни за учениците кои им се закануваат на нивните предавачи.

„Неприфатливо е да му се заканувате на професор. Од министрите за образование и внатрешни работи побарав да ги преземат сите потребни мерки за да обезбедат таквите акции да бидат казнувани и забранувани во нашите училишта“, напиша Макрон на „Твитер“.