Свет 18. јули 2018. / 14:11

Учеле да станат пилоти, а загинаа прерано: Се судрија авиони за тренинг – три лица загинаа

Учеле да станат пилоти, а загинаа прерано: Се судрија авиони за тренинг – три лица загинаа

Три лица загинаа при судир на два мали авиони за тренинг, од школото за обука на пилоти во Флорида, САД, пренесе Фајненшел Тајмс.

Меѓу загинатите беше и 19-годишна девојка од Индија, која била дел од обуката.

Двата авиони, најверојатно управувани од обучувачите, се судрија вчера во Флорида, во близина на Мајами.

Авионите, Пипер ПА-34 и Цесна 172, беа во сопственост на „Деан Интернационал“, школо за пилоти во Мајами, кое има историја во повеќе од 20 инциденти и несреќи во периодот меѓу 2007 и 2017 година.

Полицијата потврди дека најмалку три лица загинаа и истражува дали четвртото лице беше убиено.