Бројот на починати од досега невидените жештини во Канада се искачи на над 20 лица и ќе се зголемува , соопштија здравствените служби.
Најкритична е состојбата во источниот дел од Канада , каде само во Монтреал во текот на неделава починале 12 лица. Властите објавија црвен аларм за државата Квебек. Најголем број од починатите ндемале клима уреди во нивните домови или биле хронични болни.
Градоначалничката на Монгтреал , Валери Планте ги повика граѓаните да ги проверуваат своите соседи , роднините и пријателите за да видат како се справуваат со жештините и да им помогнат ако има потреба .
Пожарникарите и полицајците во текот на неделава направиле 15 000 посети во домови на граѓани , каде сметале дека би имало проблеми со рекордно високите температури .
Градот издаде и предупредување за високи концентрации на смог , што особено се однесува на децата и луѓето со проблеми со дишењето.