Свет 17. јули 2019. / 10:52

Убиен германски турист во Пула

Убиен германски турист во Пула

Маж бил уапсен во Пула бидејќи со нож избодел германски турист, кој подоцна им подлегнал на повредите во болница.

Како што пренесува 24сата.хр, напаѓачот е државјанин на Хрватска.

Тој наводно на тераса во кафуле со нож избодел 23-годишен Германец. Околу 1.45 часот по полноќ, Германецот им подлегнал на повредите.

Хрватот е уапсен на плажа, полицијата засега не дава повеќе информации.