Во Австралија денеска е уапсено момче осомничено за ставање игли во јагоди наменети за широка потрошувачка, пренесоа локалните медиуми.
Иако властите за ова кривично дело пропишуваат казна затвор до 10 години, момчето е малолетник, па ќе се соочи со многу поблага казна.
„Некој идиот врши саботажа од причини само на нему познати. И сега секој идиот мисли дека може да влезе во продавница и да почне да става игли во овошјето како тоа да е шега…За такво однесување предвидена е казна затвор до 10 години”, изјавил премиерот Скот Морисон.
Првиот инцидент беше забележан минатата недела во Квинсленд.