Италијанската полиција уапси тројца мигранти, двајца Сенегалци и еден Нигериец, во врска со наводното дрогирање, силување и убиство на 16-годишната Дезире Мариотини, пренесува „Ил џорнале“.
Тројцата мигранти, заедно со четвртиот осомничен кој останува на слобода, се осомничени дека ја дрогирале 16-годишнчката до точка на обезвестување и потоа ја силувале пред да умре од предозирање. Таа била напуштена во познато дувло на зависници во областа Сан Лоренцо во Рим. Обвинителите веруваат дека уапсените ја дрогирале Дезире, и дека таа спиела за време на силувањето. Исто така, се тие тврдат дека мигрантите ѝ дале коктел од дрога за кој знаеле дека ќе доведе до не само предозирање, туку и до смрт.
Првиот уапсен е Сенегалецот Гара Мамаду, барател на азил роден во 1991 година, чија дозвола за престој истекла минатата година, но тој не бил депортиран. Другиот Сенегалец, Минех Брајан, роден во 1975 година, се обидел да ја обнови дозволата за престој минатата година и сé уште чека да се обработи барањето. Уапсениот Нигериец , 46-годишниот Алино Чима, е нелегален мигрант. По објавувањето на апсењето, популистичкиот министер за внатрешни работи, Матео Салдини, коментираше:
„Ќе сторам сé за овие виновни црви да платат за овој ужас”.
Лидерот на Браќата на Италија, Џорџа Мелони, рече:
„Нулта толеранција за овие одвратни ѕверови”.
Според друг извештај, 16-годишната Дезире не била единствената жртва на силување во областа Сан Лоренцо овој месец. „Ил џорнале“ пишува дека 30-годишна Британка која во Рим се обучувала за учителка, била силувана од еден Северноафриканец во близина на местото на кое Дезире беше убиена на 6-ти октомври.