Полицијата во Филаделфија објави дека се уапсени луѓето осомничени за убиството на 25-годишниот Милан Лончар кој во средата беше усмртен со истрел од пиштол додека го шеташе своето куче во Пенсилванија.
-Полицијата не ги соопшти имињата на осомничените, ниту за колку точно лица станува збор, пренесе РТС цитирајќи локални медиуми во САД.
Милан Лончар беше убиен во средата додека го шетал својот миленик, а полицијата претходно соопшти дека му пришле двајца мажи од кои еден вперил пиштол во него.
Се обиделе да му ги претресат џебовите по што еден од напаѓачите му испукал куршум во гради. Половина час подоцна, Лончар починал во локална болница, пренесува РТС.