Свет 02. јули 2020. / 18:29

Уапсен вооружен маж кој влегол во резиденцијата на Трудо во Отава

Уапсен вооружен маж кој влегол во резиденцијата на Трудо во Отава

Канадската полиција уапси вооружен човек кој влегол на територијата на дворот каде што во Отава се наоѓа домот на премиерот Џастин Трудо и генералниот гувернер на земјата, Џули Пајет.

Осомничениот, чие име не е објавено во очекување на официјални обвиненија, успеал да влезе во имотот околу 6:40 часот претпладне по локално време.

– Човекот беше уапсен веднаш по инцидентот. Тој во моментов е во притвор и се сослушува, соопшти Кралската канадска полиција.

Канадскиот премиер и гувернерката не биле на имотот во моментот на инцидентот.