Свет 22. март 2019. / 16:29

Уапсен Сириец во Унгарија поради погубувањето на 20 луѓе

Уапсен Сириец во Унгарија поради погубувањето на 20 луѓе

Унгарските власти уапсиле сириски државјанин осомничен дека учествувал во обезглавувањата во Сирија, како член на „Исламска држава“, соопшти обвинителството во Будимпешта.

Во соопштението се наведува дека осомничениот, чие име не е наведено, осомничен е за погубувањето на околу 20 луѓе во 2016 година.

Тужителите додаваат дека 20-те жртви се членови на семејство на жител на сирискиот град Хомс, кој одбил да и се приклучи на „Исламска држава“