Свет 09. февруари 2020. / 19:17

Уапсен маж кој сакал да го убие Трмп

Уапсен маж кој сакал да го убие Трмп

Пред Белата куќа во Вашингтон уапсен е 25-годишен маж со нож, откако му рекол на припадникот на тајната служба дека дошол да го убие преседателот.

Тоа се случило во саботата попладне, а уапсениот е Роџер Хеџпет кој е обвинет за закана за нанесување на телесни повреди, пренесе АП.

Хеџпет му пришол на припадникот на тајната полиција кој патролирал пред Белата куќа и рекол дека сака да го убие претседателот Доналд Трамп и дека има нож со кој што ќе го направи тоа.

Како што се наведува, кај него е пронајден нож во футрола закачен за левиот колк, додека на десната страна имал празна футрола за пиштол.

По апсењето, осомничениот е упатен во болница на здравствена проценка, а се додава и дека засега не  е познато каде живеел ниту дали има адвокат.