Федералната полиција уапси едно лице под сомение дека е испраќаот на сомнителните пакети со експлозивна направа кои беа испратени до голем број политичари и јавни личности.
Според медиумите се работи за 56 годишен маж во Флорида, со наводни врски во Њујорк и со криминално досие.
Засега нема други детали. најавено е дека за случајот од Белата куќа ќе се обрати и претседателотДоналд Трамп.
Непосредно по информацијата за апсењето, беше објаевно дека ваков сомнителен пакет-бомба, дванаесетти по ред добил демократскиот сенатор Кори Букер.
Повеќе пакети со импровизирани бомби беа пресретнати во изминатите неколку дена во САД.
Пакетите, меѓу другите, беа наменети за поранешниот претседател Барак Обама, поранешната кандидатка за претседател Хилари Клинтон, за актерот Роберт де Ниро, како и за Си-Ен-Ен.
Ниту една бомба не експлодира и никој не е повреден.