Свет 23. септември 2019. / 20:53

Уапсен Босанец во Италија, се обидел да си ја продаде сопствената ќерка

Уапсен Босанец во Италија, се обидел да си ја продаде сопствената ќерка

Италијанските власти соопштја денес дека државјанин на Босна и Херцеговина е уапсен поради наводна продажба на својата ќерка за над 10.000 евра за венчавка за роднина.

Властите наведоа дека станува збор за прво такво апсење врз основа на новиот закон за борба против присилните венчавки. Апсењето било извршено пред три дена. Полицијата го спречила тој договор и венчавката не се случила.

Полицијата наведе дека семејството живеело во камп за приколки во Пиза. Италијанските власти наведоа дека таткото ги тепал ќерката стара 21 година и нејзината помлада сестра кога се побуниле и им давал само леб и вода.

Таткото, според информациите на полицијата, договорил да ја венча својата постара ќерка за роднина кој живее во истиот камп и планирал да направи слично нешто со помладата ќерка.

Инспекторите наведоа дека тајно ја снимиле наводната исплата.