Свет 20. декември 2020. / 19:49

Уапцени 100 демонстранти на денешниот протест во Минск

Уапцени 100 демонстранти на денешниот протест во Минск

Околу стотина лица се уапсени за време на денешниот протест во Минск, изјави портпаролкатат на полициската управа на Минск, Наталија Ганушевич.

Учесниците во неовластениот протест, според неа, повеќепати биле предупредувани за недозволеноста на нивните активности, пренесе Тасс.

-Најактивните демонстранти, вкупно околу 100,потоа се уапсени, напиша таа во коментарот објавен на веб-страницата на полициската управа во Минск.

Масовните протести започнаа во Белорусија по претседателските избори на 9 август, на кои, според официјалните резултати, актуелниот претседател Александар Лукашенко победи со огромно мнозинство, обезбедувајќи си шести последователен мандат на функцијата.

Опозицијата одби да ги признае резултатите, тврдејќи дека станува збор за изборна измама.