Компанијата Твитер соопшти дека ќе им овозможи на некои вработени да работат од далечина, односно од дома, бидејќи епидемијата на корона вирусот ги принудува фирмите да направат измени во канцелариите ширум светот.
Твитер е првата голема технолошка компанија што им овозможува на вработените да работат од дома, дури и откако ќе престана епидемијата на корона вирусот.
Главниот извршен директор на Твитер, Џек Дорси, им испратил известување на вработените дека оние чии позиции може да продолжат да работат од далечина дури и кога ќе се отвораат канцелариите.
Ние бевме една од првите компании кои се префрлија на моделот на работа од дома. Ние и понатаму ќе го правиме тоа и ќе продолжиме да ја ставаме на прво место безбедноста на нашите луѓе и заедниците – изјави портпаролот на Твитер.