Свет,Магазин 10. јуни 2020. / 12:26

Твитер го прогласи Денот на укинување на ропството за неработен ден за своите вработени

Твитер го прогласи Денот на укинување на ропството за неработен ден за своите вработени

Главниот директор и коосновач на Твитер, Џек Дорси, најави дека „во иднина“, 19 јуни, денот кој во САД се одбележува како Ден на укинување на ропството, ќе биде неработен ден за вработените во неговите две компании – Твитер и Сквер.

Тој ден ќе го посветиме на славење, учење и поврзување – објави Дорси на Твитер.

Твитот на Дорси доаѓа во момент кога во САД има широко распространети протести поради расизмот и полициското насилство по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицањец за време на полициска акција.

На 19 јуни 1865 година генерал Гордон Грангер прочитал проглас за ослободување на афроамериканските робови во Тексас, последната сојузна држава која го укина ропството по завршување на граѓанската војна.