Свет 03. ноември 2018. / 11:24

Твитер бриши налози кои повикуваат на бојкот на изборите во САД

Твитер бриши налози кои повикуваат на бојкот на изборите во САД

Твитер избриша повеќе од 10.000 автоматски налози со пораки кои ги спречуваат луѓето да излезат на изборите за Конгресот во вторник и посочуваат дека ги поставиле демократите.

Претходно, Демократската партија ја информираше компанијата Твитер за тие лажни твитови.

– Преземавме акција за релевантни налози и активности на Твитер -рече портпаролот на компанијата Јан Планкет.