Свет 11. декември 2018. / 10:36

Туск: Во четврток самит на ЕУ за Брегзит, без нови преговори

Туск: Во четврток самит на ЕУ за Брегзит, без нови преговори

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск вчера изјави дека за во четвртокот на првиот ден од самитот на ЕУ во Брисел, ќе биде разгледана состојбата околу Брегзит, со цел да се одговори на забелешките на британскиот договор за напуштање на Унијата, но како што посочи тој нема да има повторни преговори.

Решив да организирам самит за Брегзит в четвртокот. Нема да преговараме повторно за договорот, ниту пак во делот за безбедноста, но ние сме подготвени да разговараме како би ја олесниле британската ратификација, посочи Туск.

Претседателот на Европскиот совет, рече дека на самитот ќе се дискутира и за подготвеноста на ЕУ во случај Велика Британија да не го усвои договорот.

Дводневниот самит на ЕУ беше закажан од претходно, но не исклучиво за брегзит, туку за буџетските прашања. Поради несогласувањата дури и од страна на своите претставници во Парламентот, британската премиерка Тереза ​​Меј вчера одлучи да го одложи денешното гласање за договорот во Парламенетот.