Свет

Туск: Благодарeние на Трамп, Европа се ослободи од сите илузии

Туск: Благодарeние на Трамп, Европа се ослободи од сите илузии

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, му се заблагодари на американскиот претседател, Доналд Трамп, додавајќи дека Трамп ја ослободил Европа од сите илузии во врска со трговскиот договор и повлекувањето од нуклеарниот договор со Иран. Туск очекува утрешниот самит во Софија како резултат да донесе приближување на пријателите од Западен Балкан кон Европската Унија.

Претседателот на Европскиот совет оценува дека ЕУ мора да биде обединета за да се соочи со новиот феномен – хировитата и самоуверена американска администрација, пренесува „Ројтерс“.

Следејќи ги последните одлуки на Трамп, некој дури би можел да помисли дека со такви пријатели не ви требаат непријатели. Да бидам искрен, Европа би требала да биде благодарна на претседателот Трамп бидејќи, благодарение на него, се ослободивме од сите илузии“, рекол Туск.