Свет 13. октомври 2019. / 19:41

Турската офанзива во Сирија може да принуди 400.000 луѓе да се раселат

Турската офанзива во Сирија може да принуди 400.000 луѓе да се раселат

Турската офанзива против курдските борци во североисточна Сирија веќе принуди 130.000 луѓе да ги напуштат своите домови, соопштија денеска ОН, додавајќи дека тој број може да се зголеми на 400.000.

– Сметаме дека до 400.000 луѓе ќе бидат раселени во погодените области и ќе имаат потреба од помош и заштита, рече портпаролот на ОН Јенс Лерке во Женева.

ОН во петокот соопштија дека 100.000 луѓе ги напуштиле своите домови од средата, кога почна турската воена офанзива во Сирија.

ОН, исто така, изразија загриженост за безбедноста на 113 нејзини членови и припадници на други организации кои даваат меѓународна помош во тој сектор.